ХроникаХроника.Портал

МВР Билтен

На 21.06.2020 во 16,50 часот, полициски службеници од СВР Скопје на патот од Средно Водно кон Нерези, го лишиле од слобода Е.Б.(22) од Гостивар затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Скопје, 22 јуни 2020 (МИА)На 21.06.2020 во 16,50 часот, полициски службеници од СВР Скопје на патот од Средно Водно кон Нерези, го лишиле од слобода Е.Б.(22) од Гостивар затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 21.06.2020 во 13,30 часот во Скопје на Кеј “Димитар Влахов“ од полициски службеници била приведена З.К.(23) од Скопје затоа што агресивно се однесувала кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. Сочинети записници по чл.4 и чл.13 од ЗППЈРМ.

На 21.06.2020 во 15,50 часот во Скопје на ул.„Наум Наумовски Борче“ П.Е.(43) од Скопје агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. Сочинети записници по чл.4 и чл.13 од ЗППЈРМ.

На 21.06.2020 во 13,40 часот од полициски службеници од Полициската станица Струга, поради основано сомнение за сторено кривично дело по чл.206 од КЗ на РСМ, лишен бил од слобода Ш.М.(1964) од Р.Косово. Одредена му била мерка „строга изолација во времетраење од 14 дена“ по што бил спроведен до Државен карантин во хотел во Скопје.

На 21.06.2020 во 13,40 часот во СВР Штип, З.Ѓ.(56) од Штип пријавил дека при рушење на стар објект на ул.„Христо Ботев“ во Штип пронашол неактивирана експлозивна направа од Првата Светска војна и стара боева муниција со различен калибар од турско производство. Од стручно лице од Дирекцијата за заштита и спасување-Штип пронајдената експлозивна направа и муниција се подигнати за понатамошна постапка.

На 21.06.2020 околу 11,10 часот во близина на бензинската пумпа на магистрален пат Овче Поле-Велес, кај место викано„Делисиска пруга“ полициски службеници од Полициска станица Свети Николе го привеле Љ.А.(26) од Скопје кој управувал патничко моторно возило„порше-каен“ со скопски регистарски ознаки во кое превезувал 12 лица-мигранти од Бангладеш. Мигрантите се сместни во ПТЦ„Винојуг“ за понатамошна постапка. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на Полициска станица Свети Николе. По целосно документирање на случајот против Љ.А. ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 21.06.2020 во 23,40 часот во Полициската станица Чаир С.П.(31) од Скопје пријавил дека на ул.“Александар Урдаревски“ бил каснат од куче скитник.

На 21.06.2020 во 15,40 часот во Полициската станица Ѓорче Петров Т.Ј.(29) од Скопје пријавила дека во атарот на с.Ново Село била касната од куче скитник.

Во текот на изминатите денови (19, 20 и 21.06.2020) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје санкционирани се седум возила бидејќи биле нерегистрирани, 11 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право на управување на моторно возило, еден возач поради управување на возило со брзина поголема од дозволената, три возачи бидејќи поминале на црвено светло и 70 возила се подигнати со специјално возило „пајак”.

На 21.06.2020 во 22.30 во СВР Скопје, А.И.(20) од Скопје пријавил дека пред сендвичара на бул.Партизански одреди во Скопје, по претходно случена сообраќајна незгода помеѓу „фиат пунто“, кое тој го управувал, патничко моторно возило„опела астра“ со скопски регистарски ознаки управувано од Г.Г.(23) од Куманово и патничко моторно возило„масерати“ со скопски регистарски ознаки управувано од М.А.(27) од Скопје бил физички нападнат од совозачот во патничко моторно возило„масерати“ Г.Б.(38) од Скопје. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.бт/

Таг

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close