ХроникаХроника.Портал

МВР Билтен

На 10.03.2020 во 22.00 часот, полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Петар Дељан“ го привеле М.Ѓ.(29) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена прашкаста материја. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Скопје, 11 март 2020 (МИА)На 10.03.2020 во 22.00 часот, полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Петар Дељан“ го привеле М.Ѓ.(29) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена прашкаста материја. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против О.А.(41) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 16.10.2019 полициски службеници извршиле преглед на патничко возило „рено меган“, сопственост на пријавениот, при што пронашле и одзеле хероин.

На 10.03.2020 во 09.30 часот, полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Кисела Вода, при извршен преглед кај М.С.(41) од Скопје, пронашле нож. Тој бил приведен поради сомнение за сторен прекршок од Законот за оружје. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против М.А.(41) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 17.09.2019 полициски службеници извршиле претрес во домот и други простории на пријавениот, при што пронашле и одзеле хероин и амфетамин.

На 11.03.2020 во 02.30 часот, полициски службеници од СВР Скопје на бул.„АСНОМ“, при извршен преглед кај И.Б.(20) од Скопје, пронашле нож. Тој бил приведен поради сомнение за сторен прекршок од Законот за оружје. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Полициски службеници од СВР Битола на 10.03.2020 извршиле контрола на возилата за брзина, алкохол, зборување на мобилен телефон, техничка неисправност, поседување возачка дозвола. Притоа, било констатирано дека девет возачи управувале возило со поголема брзина од дозволената, на мобилен телефон разговарале седум возачи, нерегистрирани биле три возила, а возачка дозвола не поседувале пет возачи. За сите неправилности се издадени соодветни поднесоци.

На 10.03.2020 во 17.00 часот во Полициската станица Центар, Н.Е.(44) од Скопје пријавил дека на бул.„Партизански одреди“ бил каснат од куче скитник во пределот на десната нога.

Во текот на 10.03.2020 на подрачјето на СВР Скопје преземени се мерки и активности при што од сообраќај се исклучени: еден возач затоа што управувал возило без да се стекне со право на управување на моторно возило, еден возач поради поминување на црвено светло и 11 пешаци поради сторени прекршоци. Во текот на изминатиот ден, 70 возила се подигнати со специјално возило „пајак”.

На 10.03.2020 во 11.30 часот во Полициската станица Аеродром, Г.М.(28) од Скопје пријавил дека на паркинг просторот под Железничка станица бил каснат од куче скитник во пределот на левата нога. мс/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close