0_Македонија.ПорталОпштествоХроникаХроника.Портал

МВР Билтен

На 20.06.2020 во 00.10 часот во близина на бензинска пумпа на бул. „Илинден“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Н.С.(42) од Скопје бидејќи кај него била пронајдена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Скопје, 20 јуни 2020 (МИА)На 20.06.2020 во 00.10 часот во близина на бензинска пумпа на бул. „Илинден“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Н.С.(42) од Скопје бидејќи кај него била пронајдена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 19.06.2020 во 11,30 часот во атар на с.Лојане,кумановско на гранична линија помеѓу Р.Србија кон Р.С.Македонија, полициски службеници од Полициска станица Сопот ги привеле Е.С.(59) од Р.Србија и И.И.(53) од с.Лојане бидејќи илегално ја поминувале државната граница. Заради сторен прекршок по чл.68 ст.1 од Законот за гранична контрола, лицата се предадени на полициски службеници од Полициска станица Куманово и Полициска станица Табановце за понатамошна постапка.

На 19.06.2020 во 19,50 часот кај место викано „Дупки“ на Граничен премин „Долно Блаце“ полициски службеници го привеле С.К.(19) од Р.Косово бидејќи илегално ја преминувал државната граница. Лицето е предадено на полициски службеници од Одделение за прекуграничен криминал, миграции, странци и редамисија Скопје за понатамошна постапка.

На 19.06.2020 во 14,45 часот на регионален пат Скопје-Тетово во атар на с.Арнакија патничко моторно возило „Рено канго“ со скопски регистарски ознаки управувано од Х.Ј.(51) од с.Буковиќ,скопско, излегло од коловоз и се превртело. По незгодата со возило на итна медицинска помош Х.Ј. бил пренесен во Комплекс клиники “Мајка Тереза“ каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје.

На 19.06.2020 во 23.50 часот во Полициска станица Гази Баба, Г.Н.(48) од Скопје пријавил дека на ул.“Јужноморавски Бригади“ бил каснат од куче скитник.

На 19.06.2020 во 21,09 часот на пат Битола-Драгош, кај месноста викана „Гулејца“ пред село Крстоар, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Пежо 407“ со шведски национални ознаки управувано од Р.Т.(43) од с.Бистрица битолско, и патничко моторно возило „Фолксваген пасат“ со кавадаречки регистарски ознаки управувано од Р.И.(30) од с. Сопот, кавадаречко. По незгодата учесниците се пренесени во Општата болница Битола каде што на Р.Т. му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Битола.

На 19.06.2020 во 15.00 часот на регионален пат Штип – село Аргулица во правец кон село Карбинци се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Фолксваген голф“ со штипски регистарски ознаки управувано од С.Х.(65) од с.Карбинци и патничко моторно возило „Мерцедес Е 270 ЦДИ“ со бугарски национални ознаки управувано од В.И.(21) од Штип. По незгодата со возило на итна медицинска помош Д.Х.(64) од с.Карбинци, инаку сопатник во возилото “Фолксваген голф“ била пренесена во Клиничка болница Штип, каде и биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Штип.

На 20.06.2020 во 01,40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул. „Лазо Москов“ настанал пожар при што било опожарено патничко моторно возило „Форд ескорд“ со скопски регистарски ознаки сопственост на И.К.(75) од Скопје. Пожарот е изгаснат од противпожарната единица Скопје. Увид на местото на настанот ќе биде извршен во текот на денов.

На 20.06.2020 во 02,35 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.1 во с.Горно Блаце, скопско настанал пожар при што биле опожарени две паркирани патнички моторни возила „Фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки и „Ауди“ со скопски регистарски ознаки сопственост на Б.Т. од с.Горно Блаце. Пожарот бил изгаснат од сопственикот. Увид на местото на настанот ќе биде извршен во текот на денов. нд/

Back to top button
Close
Close