ОпштествоХроникаХроника.Портал

МВР: 311 возачи казнети за брзо возење

Полицијата вчера на патиштата во земјава санкционирала 311 возачи кои возеле со брзина поголема од пропишаната. Од нив шест возеле со брзина за 70 километри на час поголема од дозволената.

Скопје, 21 јули 2021 (МИА) – Полицијата вчера на патиштата во земјава санкционирала 311 возачи кои возеле со брзина поголема од пропишаната. Од нив шест возеле со брзина за 70 километри на час поголема од дозволената.

-Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 311 возачи. Од нив, 17 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а шест возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина, соопшти денеска МВР.

Оттаму најавуваат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за поголема безбедност во сообраќајот. сст/лв/

Back to top button
Close
Close