0_Web_Актуелно0_Македонија.ПорталОпштество

МВР: 104 лица не го почитувале полицискиот час, приведени 76 лица

Во текот на изминатото деноноќие на ниво на целата држава 104 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 76 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.

Скопје, 25 мај 2020 (МИА) – Во текот на изминатото деноноќие на ниво на целата држава 104 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 76 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.

Во соопштението објавено на веб-страната на МВР се посочува дека по однос на мерката за неносење лична заштита на лице, регистрирани се 82 прекршоци. За последните 24 часа на територијата на Република Северна Македонија на 29 лица им се издадени решенија за изолација, а 13 лица потпишале изјави за самоизолација.

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, и  евидентирано е едно лице кое не ја почитувало мерката за изолација. ев/рп/

Back to top button
Close
Close