Дописници МКДОпштински вести

Музичко-поетски перформанс во чест на виното и лозарите во Пехчево

Во чест на виното и лозарите, и празникот ,,Св.Трифун", синоќа во просториите на библиотеката „Кочо Рацин" се одржа музичко поетски забавен перформанс. 

Пехчево, 15 февруари 2020 (МИА) – Во чест на виното и лозарите, и празникот ,,Св.Трифун”, синоќа во просториите на библиотеката „Кочо Рацин” се одржа музичко поетски забавен перформанс.

Водител и сценарист на настанот беше директорката Габриела Костадинова, која информираше дека на истиот со своја поезија и музика се претставиле локални поети и млади музичари.
-Со молитва за Св.Трифун, со рецитација пропратена со звуци на гитара, со игра за публиката се одбележаа два празника. Настанот се состоеше од поетско-музички перформанс на кој се читаа лични творби посветени на празникот како и творби за љубовта. Посебен белег на публиката остави настапот на средношколката Маја Пандова која на гитара го покажа својот раскошен музички талент, рече Костадинова.
Во рамки на поетското претставување творби на тема „љубов и вино”, како што додаде, читале роднокрајни автори кои долги години се занимаваат со пишување поезија.
За учесниците во музичко-поетскиот перформанс библиотеката обезбеди скромни награди. Од таму најавија дела следниот ваков настан ќе се реализира во чест на 8 Март – Меѓумародниот ден на жената. вс/дма/

Back to top button
Close
Close