Дописници МКДОпштински вести

Музичарите од Охрид бараат од надлежните да утврдат протокол со кој би им се овозможило да ја извршуваат својата дејност

Здружението на музичари од Охрид „Охридски музички еснаф“ реагира на протоколот за работа на угостителските објекти, со забелешка дека со новите одредби за работа и мерките се дискриминира нивната дејност во новонастанатите услови.

Охрид, 25 јуни 2020 (МИА) – Здружението на музичари од Охрид „Охридски музички еснаф“ реагира на протоколот за работа на угостителските објекти, со забелешка дека со новите одредби за работа и мерките се дискриминира нивната дејност во новонастанатите услови.

Главниот координатор на Здружението „Охридски музички еснаф“, Венко Пашовски, вели дека се свесни за ситуацијата наметната од епидемијата на коронавирусот, но оти дека откако е прекината вонредната состојба во државата и се донесени мерки на олабавување во сите сектори, треба да се размислува и за нивната дејност, оттаму што донесените мерки и протоколи за работа им се одземаат правото на работа и на обезбедување средства за егзистенција.

– Сметаме дека покрај музичарите и музичките работници, кои ги има околу 20 илјади во земјата директно се оштетени и угостителите, а индиректно и граѓаните како консументи на нашиот производ – музика и затоа ја бараме и нивната поддршка, изјави тој упатувајќи барање до надлежните да ја укинат забраната за нивната дејност, секако со соодветни протоколи за заштита на здравјето на луѓето.

Согласно последните одлуки на Владата, од овој петок угостителските објекти ќе можат да извршуваат дејност и во затворените делови, со придржување кон однапред утврден протокол. Но, сè уште останува во сила забраната за организирање музички настани, како и организирање прослави во отворен и затворен дел на објектите. аб/аа/

 

Back to top button
Close
Close