Svet.SlajderБалканБалкан.ПорталДописници Свет

Мустафа по средбата со Тачи: На Косово не му се потребни нови избори

Лидерот на Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК) Иса Мустафа, по денешната средба со претседателот на државата, Хашим Тачи изјави дека неговата партија не  ја поддржува идејата за одржување нови избори, јави дописникот на МИА од Приштина.

Приштина, 1 април 2020 (МИА) – Лидерот на Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК) Иса Мустафа, по денешната средба со претседателот на државата, Хашим Тачи изјави дека неговата партија не  ја поддржува идејата за одржување нови избори, јави дописникот на МИА од Приштина.

Мустафа им изјави на новинарите дека претседателот на државата не побарал од него име на мандатар за новата влада, откако минатиот вторник во Собранието на Косово беше излгасана недоверба на владата на Албин Курти, на барање токму на ЛДК.

Тој рече дека со Тачи разговарал и за натамошните мерки за справување со коронавирусот.

– Разговаравме за опциите како да излеземе од оваа ситуација. Сега не е време да одиме на избори поради состојбата. Ние сме за нова влада која која ќе ги исполни сите уставни процедури, за влада која ќе се фокусира на економскиот развој откако ќе се избориме со оваа тешка ситуација и влада која е спремна за дијалогот Косово – Србија, изјави Мустафа.

Во рамки на иницијативата за формирање нова влада, Тачи ги повика на консултативни средби лидерите на парламентарните политички партии.

Пред Мустафа, претседателот на државата се сретна со прмиерот во оставка и лидер на Движењето Самоопределување Албин Курти, кој побара распишување превремени избори како единствено решение кое го нуди Уставот на земјата во ситуација кога ќе се изгласа недоверба на една влада.

По средбата со лидерот на ЛДК, Тачи го прими и лидерот на Демократската партија на Косово, Кадри Весели.

За утре се закажани средби со лидерите на Алијансата за иднината на Косово (ААК), Рамуш Харадинај, на партијата на косовските Срби, Српска листа (СЛ), Горан Ракиќ и на Социјалдемократската иницијатива (Нисма) Фатмир Лимај, како и со претставници на групата Г6, односно претставниците на немнозинските етнички заедници во Косово.иа/сд/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close