0_Спорт.ПорталФудбал

Мурињо зеде двајца тренери од Лил во неговиот штаб

Тренерите Жоао Сакраменто и Нуно Сантош го напуштија Лил и ќе се приклучат на штабот на Жозе Мурињо во Тотенхем, соопштија двата клуба.

Лондон, 20 ноември 2019 (МИА) – Тренерите Жоао Сакраменто и Нуно Сантош го напуштија Лил и ќе се приклучат на штабот на Жозе Мурињо во Тотенхем, соопштија двата клуба.

Сакраменто ќе ја преземе улогата на помошник тренер на Специјалниот. Покрај Лил, сонародник на Мурињо работеше и во Монако и во Кардиф Сити.

Друго ново име во штабот на новиот менаџер на „петлите“ е тренерот на голманите, Нуно Сантош, кој исто така доаѓа од „кучињата“. Тој на оваа позиција го заменува Силвињо Лоуро, кој во овој случај нема да му помога на Мурињо.

Другите луѓе во неговиот тим се Карлос Лалин (фитнес тренер), Џовани Чера (аналитичар) и Рикардо Формосињо (извидник), кој повторно ќе работи рамо до рамо со Португалецот.

Таг
Back to top button
Close
Close