0_Спорт.ПорталФудбал

Мурињо: Верувам дека Тотенхем нема да биде мојот единствен клуб без трофеи

Тренерот на Тотенхем, Жозе Мурињо смета дека неговиот тим е во состојба да го помине Лајпциг во осминафиналето на Лигата на шампионите и дека ќе освои барем еден трофеј со премиерлигашот од Лондон.

Лондон, 10 март 2020 (МИА) – Тренерот на Тотенхем, Жозе Мурињо смета дека неговиот тим е во состојба да го помине Лајпциг во осминафиналето на Лигата на шампионите и дека ќе освои барем еден трофеј со премиерлигашот од Лондон.

Во првиот натпревар на домашен терен, Спарси загубија од бундеслигашот со 0:1.

– Ќе се обидеме, нема што да изгубиме. Психолошката компонента ќе биде многу важна. Ние мора да бидеме обединети. Верувам во моите играчи и мислам дека можеме да победиме. На првата средба загубивме, но има и реванш. Ние сме позитивни. Тотенхем нема да биде мојот единствен клуб во кој нема да освојам трофеј. Имам со сите мои претходни тимови. Верувам дека ќе стигнам до трофеј и со Тотенхем, изјави Мурињо.

Натпреварот Лајпциг- Тотенхем се игра вечер со почеток во 21 часот. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close