0_Спорт.ПорталФудбал

Мурињо вели дека Бејл се чувствува среќен во Тотенхем

Тренерот на Тотенхем, Жозе Мурињо изјави дека напаѓачот Герет Бејл се чувствува среќен во тимот.

Лондон, 27 февруари 2021 (МИА) – Тренерот на Тотенхем, Жозе Мурињо изјави дека напаѓачот Герет Бејл се чувствува среќен во тимот.

– Герет изгледа посреќно од кога било. Неговата доверба во неговите способности е видлива. Играч со страв или негатива немаше да го постигне погодокот на Бејл против Волфсбергер во средата. Сега Герет е во најдобра форма откако се приклучи на тимот, смета Мурињо.

Бејл се врати во Тотенхем од Реал Мадрид како позајмен фудбалер во септември 2020 година. Тој има шест голови и две асистенции на 19 настапи за Спарс во сезоната 2020/21. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close