0_Спорт.ПорталФудбал

Мурињо смета дека немал доволно време во Манчестер јунајтед

Тренерот на Тотенхем, Жозе Мурињо изјави дека му било потребно повеќе време во Манчестер јунајтед. Португалецот соработуваше со „црвените ѓаволи“ од јули 2016 година до декември 2018 година.

Лондон, 16 декември 2020 (МИА) – Тренерот на Тотенхем, Жозе Мурињо изјави дека му било потребно повеќе време во Манчестер јунајтед. Португалецот соработуваше со „црвените ѓаволи“ од јули 2016 година до декември 2018 година.

– Во одредени периоди од мојата кариера, не требаше долго за да се постигне успех. Така беше и во Порто, Интер, Реал Мадрид, Челзи. Првиот клуб во кој чувствував дека ми треба време и дека времето не е достапно беше Манчестер јунајтед. Тогаш се чувствував како да заминувам на сред патување, но научив многу рано да ги почитувам одлуките. Она што е направено е готово, да продолжиме понатаму. Ова го кажувам со гордост кога ќе ги напуштам клубовите, истакна Мурињо.

Португалецот се приклучи на Тотенхем 11 месеци по заминувањето од Манчестер јунајтед. Во моментов Тотенхем е лидер во Премиер лигата со 25 бода по 12 кола. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close