0_Спорт.ПорталSport.SlajderФудбал

Мурињо е сигурен дека ќе привлече нов напаѓач

Португалецот го дефинираше трансферот како натпревар што може да го добиете, но и да изгубите.

Лондон, 30 септември 2020 (МИА) – Менаџерот на Тотенхем, Жозе Мурињо призна дека верува дека „петлите“ ќе можат да привлечат уште еден играч на позицијата напаѓач.

Португалецот го дефинираше трансферот како натпревар што може да го добиете, но и да изгубите.

– Јас сум оптимист дека ќе можеме да привлечеме нов напаѓач. Она што ми се допаѓа уште повеќе е дека ние се трудиме најдобро да го сториме тоа. Или успевате или не. Тоа е како фудбалски натпревар – или победувате или не, но даваш се од себе и пробуваш сè, исто е и со трансфер пазарот. Ми се допаѓа чувството дека мојот клуб се обидува да стори сé за нас и за тимот, ова е најважното за мене. Ако успееме, во што верувам, тогаш е одлично, а ако не – тоа е фудбал, рече португалскиот стручњак.

Таг
Back to top button
Close
Close