0_Македонија.ПорталBiznis.SlajderБизнисБизнис.ПорталЕкономија

Муратовска за МИА: На превозниците им требаат свежи пари, сите треба да понесат дел од товарот

Некои превозници мора да одбијат да се вратат на работа затоа што нивните жени и деца се отфрлаат од општеството единствено затоа што сопругот, односно таткото, е возач и потенционален преносник на вирус. Ова е само еден од предизвиците со кои се соочуваат транспортерите, а за зборува во интервју за МИА, Билјана Муратовска, генерален секретар на Асоцијацијата на камионски превозници МАКАМТРАНС.

Скопје, 1 април 2020 (МИА) – Некои превозници мора да одбијат да се вратат на работа затоа што нивните жени и деца се отфрлаат од општеството единствено затоа што сопругот, односно таткото, е возач и потенционален преносник на вирус. Ова е само еден од предизвиците со кои се соочуваат транспортерите, а за зборува во интервју за МИА, Билјана Муратовска, генерален секретар на Асоцијацијата на камионски превозници МАКАМТРАНС.

Некои извршители, како што вели таа, без совест и какво било разбирање за тешката ситуација во текот на вчерашниот ден ги активираа извршните решенија пред Владата да ја донесе мерката за одложување на таквите дејствија, иако во неа е наведено „оваа мерка веќе е во примена“.

Таа порачува дека како што се жртвуваат превозниците, тоа треба да го направат сите, со преземање на максимални мерки на безбедност, а сите оние кои се со високи профити нека ја покажат својата хуманост и совесност и нека бидат опшествено одговорни.

– Со воведување на зелен коридор и исполнување на условите за побрз проток на граничните премини имаме надеж за зголемување на бројот на превози што ќе овозможи обезбедувања средства за одржување дневна ликвидност и опстанок на превозните трговски друштва во државата, наведува Муратовска.

Мерките кои ги презема Владата, посочува таа, благо речено нема да помогнат многу затоа што во оваа фела се потребни свежи пари за да се одржува тековна ликвидност, да се платат возачите кои ризикуваат и се движат по патиштата под многу отежнати услови на превоз.

– Затоа апелиравме под итно прво да се вратат парите од ДДВ кој го побаруваат превозниците. Ако се смета за минимална плата и субвенции „ефективни работни часови“, како ќе се одредат и пресметаат, ако не се зема во предвид дека превозниците имаат репрограмирање на добивките за да го обноват возниот парк, што значи немаат исплата на дивиденди и награди. Ако се земе во предвид дека репрограмираните кредити или лизинг ќе бидат оптоварени со камати за грејс периодот, каква е користа и придонесот на банките кои имаат екстра, екстра профити затоа што со години своите услуги ги наплаќаа во  проценти наместо во промили како сите ние во секое време да сме зеле кредит од кај нив , а всушност со нашите пари кои се во секоја банка и обртите што ги прават заработуваат огромни профити, а сега не сакаат ни 2-3 месеци да се откажат од својата благосостојба, рече Муратовска.

Според неа, неразбирливо е зошто Владата не донесе декрет за стопирање на наплата на камата за одреден грејс период. – И ние сите сме со приватен капитал, како и банките и осигурателните компании, кои треба да поднесат дел од товарот и да бидат општествено одговорни, а не се уште да размислуваат како да си го обезбедат профитот покрај пропаѓањето на сите други, посочува Муратовска.

Превозниците, како што објаснува таа, се соочуваат со голем предизвик затоа што во овие услови присутен е и стравот кај возачите, притисок кој се врши врз нивните жени и деца кои се отфрлаат од општеството единствено затоа што сопругот, односно таткото е возач и потенционален преносник на вирус, па истите одбиваат да се вратат на работа. Постојат лица со хронични болести, дијабет, срцеви заболувања и слично кои самите работодавачи не ги ангажираат заради големата опасност по нивното здравје.

Како што информира, капацитетите на превозниците се драстично десеткувани. Се движат мал број возила низ територија на Европа, особено и поради затворање на голем број капацитети на стопанствата во разни држави, немање доволен број возачи кои се решаваат да ги управуваат возилата , големите застои на граничните премини , конвоите и сл.

– Засега најголем проблем има со превозите кои се вршат за или од Турција за сите дестинации низ Европа , каде над 50 проценти од домашните превозници ја вршеја својата дејност и опстојуваа со години без разлика на еуростандардот на возилата. Турските надлежни органи воспоставија режим кој никој неможе да го исполни, а тоа е возачот да седи на меѓузона 14 дена во кабината на возилото пред да влезе на територија на Турција, односно да ангажира турски возач или туско влечно возило да ја однесе полуприколката на истовар, што значи на некој непознат да му дадеш „огромно богатство“ и да незнаеш со сигурност дека ќе ја заврши работата и ќе ти го врати возилото. Овие превозници кои исклучиво работат со турски компании ќе бидат најмногу погодени од оваа криза и можат да се соочат со банкрот, информира Муратовска во интервјуто што МИА ќе го објави дополнително. лв/сп/

Back to top button
Close
Close