СветСвет.ПорталСвет.Слајдер

Мун: Јужна Кореја е во војна против коронавирусот

Претседателот на Јужна Кореја, Мун Џае-ин денеска му објави војна на коронавирусот, во земјата која е соочена со најголемата епидемија надвор од Кина, бидејќи бројот на заразени постојано расте и сега изнесува 5.186 лица.

Сеул, 3 март 2020 (МИА) – Претседателот на Јужна Кореја, Мун Џае-ин денеска му објави војна на коронавирусот, во земјата која е соочена со најголемата епидемија надвор од Кина, бидејќи бројот на заразени постојано расте и сега изнесува 5.186 лица.

Мун побара да се обезбедат уште болнички кревети и се извини заради недостигот од маски за лице, а најави и дека државата ќе им помогне на малите фирми да се изборат со последиците од епидемијата на коронавирус.

-Целата земја е во војна против коронаворусот, рече Мун на состанокот на кабинетот, пренесоа британските медиуми.

Вирусот се појави во Кина кон крајот на минатата година и брзо се прошири и во Јужна Кореја, а прво се појави меѓу членовите на христијанска секта во градот Даегу. сд/

Back to top button
Close
Close