СветСвет.Портал

Мун тврди дека е рано за песимизам, Пјонгјанг и понатаму за дијалог со САД

Претседателот на Јужна Кореја Мун Џае-ин изјави денеска дека е рано да се биде песимистичен во врска со застојот во разговорите за денуклеаризација меѓу САД и Северна Кореја, потенцирајќи дека соработката меѓу двете Кореи може да помогне во олеснување на патот за укинување на санкциите.

Сеул, 14 јануари 2020 (МИА) – Претседателот на Јужна Кореја Мун Џае-ин изјави денеска дека е рано да се биде песимистичен во врска со застојот во разговорите за денуклеаризација меѓу САД и Северна Кореја, потенцирајќи дека соработката меѓу двете Кореи може да помогне во олеснување на патот за укинување на санкциите.

Обраќајќи се на новогодишната прес-конференција, Мун рече дека Северна Кореја се уште не ја затворила вратата за дополнителни разговори, и покрај непријателската реторика што доаѓа од таа земја.

– Северна Кореја јасно стави до знаење дека вратата за дијалог не е затворена, велејќи дека ќе се вратат на преговорите кога ќе бидат прифатени нивните барања, објасни Мун.

Мун додаде дека има потреба да се истражи „нова идеја“ за да се пробие ќор-сокакот во преговорите. зш/

Back to top button
Close
Close