Kultura.SlajderКултураКултура.Портал

Мултимедијална изложба „Ги сакам дрвјата, ги сакам шумите, ја сакам нашата планета Земја“

По повод манифестацијата „Денови на пролетта - денови на екологијата“, во Домот на култура „Кочо Рацин“ во петок се одржа мултимедијалната изложба насловена „Ги сакам дрвјата, ги сакам шумите, ја сакам нашата планета Земја“.

Скопје, 18 мај 2020 (МИА) – По повод манифестацијата „Денови на пролетта – денови на екологијата“, во Домот на култура „Кочо Рацин“ во петокот се одржа мултимедијална изложба насловена „Ги сакам дрвјата, ги сакам шумите, ја сакам нашата планета Земја“.

Изложбата, како што наведуваат организаторите, ќе биде постирана на социјалните мрежи, а сите уметници, учесници и други посетители ќе имаат обврска да ги почитуваат донесените мерки од Владата во врска со пандемијата, односно носење на маски, ракавици и запазување на дистанца согласно актуелните мерки.

Учесници на изложбата се Марија Светиева, Мирко Вујисиќ, Петра Јовановска,м-р Борјана Божиновска, Ирена Паскали од Келн, Германија, Валентина Илијевска, Жанета Радевска Спировска, Стојче и Емилија Тоциновски, Љупчо Бојаров…

-Оваа година согласно состојбите со кои се соочуваме изложбата е делумно виртуелно постирана на социјалните мрежи. Во различни техники и најразлични употребни материјали со акцент и на колажирањето и рециклирањето на групта од дваесетина автори од земјава и се придружуваат и автори од надвор. Севкупната изразна разнообразност обединува разнородни ликовни ракурси. Преку слики, скулптури, графики, фотографии,колажи, инсталација, видео проекција од денес во големиот салон на Галерија „Ко-Ра“ и виртуелно на социјалните мрежи се претставуаат со своите дела, наведуваат организаторите.

Во контекст на оваа мултимедијална изложба од тематски ангажиран карактер е и видеото со кое се претставува уметницата Ирена Паскали од Келн, Германија, со наслов „Take Away/Mitnehem“, а наскоро се предвидува и ликовната акција-просторна интервнеција на Валентина Илијевска во просторот на Зоолошка градина во Скопје. Куратор на изложбата е Виолета Калиќ.бт/са/

Таг
Back to top button
Close
Close