Дописници МКДОпштински вести

Муфтиството во Кичево делеше хуманитарна помош за социјално загрозени семејства

Муфтиството во Кичево во соработка со хуманитарната организација „Хилал“ која работи во рамките на ИВЗ во РСМ, дистрибуираше помош за социјално загрозени семејства во Кичево, со намера да помага во олеснување на тешката состојба на граѓаните во овие денови од светиот месец Рамазан.

Кичево, 21 мај 2020 (МИА) – Муфтиството во Кичево во соработка со хуманитарната организација „Хилал“ која работи во рамките на ИВЗ во РСМ, дистрибуираше помош за социјално загрозени семејства во Кичево, со намера да помага во олеснување на тешката состојба на граѓаните во овие денови од светиот месец Рамазан.

Муфтијата на кичевското муфтиство Мурат Хусеини се заблагодари на поглаварот на ИВЗ, Сулејман Реџепи и на сите негови соработници како и на Х.О. „Хилал“ и неговиот претседател Мустафа Даути за, како што рече, „благородната посветеност и помошта во овие завршни денови на светиот месец Рамазан”, потенцирајќи дека „во душата на верниците доминира уште една лажица“ и ова сега ќе оди кај многумина во кичевските куќи за да им помогне на оние што навистина имаат потреба, посочи муфтијата Хусеини. рз/мч/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close