Политички партии

Муцунски: ВМРО-ДПМНЕ понуди нови и квалитетни кандидати за пратеници, а СДСМ ликови од транзицијата

Секретарот за меѓународна соработка на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски вечерва гостуваше на емисијата „Пакот кон“ на телевизија АлсатМ на кое укажа дека ВМРО-ДПМНЕ на листите за кандидати за пратеници за претстојните предвремени парламентарни избори на 12-ти април понуди нови и докажани кадри.

Скопје, 12 март 2020

„За разлика од СДСМ која промовираше голем број поединци кои се во политиката 20 години, поединци од транзицијата, поединци кои се поврзуваат со скандали како Рекети, ВМРО-ДПМНЕ понуди листи на кадри со квалитетни биографии и познати во средината каде работеле“, рече Муцунски.

Тој посочи дека ВМРО-ДПМНЕ има кадри кои ќе го обноват парламентаризмот кој е во руина во последните три години,

„Нудиме почитување на Устав, закони, парламентарна процедура. Ние нудиме систем на вредности, дискусија за политики, а не за дневна политика“

ВМРО-ДПМНЕ, рече Муцунски, има стратегија како ќе изгледа Македонија од 13 април, а тоа е понуда на прогрес, вистинка борба против корупција и криминал, обезбедување на поквалитетни работни места, соочување со иселувањето.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

_____________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Back to top button
Close
Close