0_Web_Актуелно0_Македонија.ПорталОпштество

МТСП објави јавен повик-10,8 милиони евра на располагање на општините за подобрување и развој на социјални услуги

Министерството за труд и социјална политика, ги повикува општините кои претходно на јавен повик изразија подготвеност да развиваат социјални услуги на локално ниво да се пријават на јавниот повик за финасирање на проектот за развој на услугите. Крајниот рок за доставување на понудите е 30 април годинава до 16 часот.

Скопје, 2 јануари 2020 (МИА) – Министерството за труд и социјална политика, ги повикува општините кои претходно на јавен повик изразија подготвеност да развиваат социјални услуги на локално ниво да се пријават на јавниот повик за финасирање на проектот за развој на услугите. Крајниот рок за доставување на понудите е 30 април годинава до 16 часот.

Како што информира Министерството за труд и социјална политика, една од главните цели на Проектот е развој и подобрување на квалитетот на социјалните услуги во локалните заедници, согласно со потребите на граѓаните и зголемување на пристапот до социјалните услуги наменети за ранливите групи граѓани, постарите лица, лицата со попреченост и други лица, за што се обезбедени вкупно 10,8 милиони евра, за период на имплементација од пет години.

Приоритетни социјални услуги кои ќе бидат финасирани се: услугите во домот-лична асистенција и помош и нега во домот, како и услугите во заедницата-дневни услуги/дневни центри и поддржано живеење.

-На Општините кои ќе изразат интерес за добивање грант за развој на социјални услуги, ќе им се обезбеди директна поддршка за подготовка на документите за апликација, вклучувајќи ги и предлог-проектите од страна на компанија ангажирана за таа цел во рамките на Проектот, како и поддршка од страна на лицата ангажирани во рамките на проектната единица, се вели во соопштението од МТСП.

Оттаму посочуваат дека повеќе информации и формуларот за аплицирање ги има на веб страницата на Министерството. сст/скс/

 

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close