0_Спорт.ПорталОстанато

МТКФ организира летен камп и куп „Валона 2020“

Македонската традиционална карате федерација од денес до 29 август 2020 во Валона, Албанија ќе одржи традиционалниот МТКФ летен карате тренинг камп „Валона 2020”.

Валона, 22 август 2020 (МИА) – Македонската традиционална карате федерација од денес до 29 август 2020 во Валона, Албанија ќе одржи традиционалниот МТКФ летен карате тренинг камп „Валона 2020”.

– Во соработка со Албанската традиционална карате федерација МТКФ за прв пат ќе организира тренинг камп во Валона на кој ќе учествуваат каратисти од Македонија, Албанија, Црна Гора и Косово. Семинарот ќе го водат: проф. Венцислав Недев, др. Дејан Недев и др. Аљоша Недев. Како секоја година на крај од семинарот ќе се организира меѓународен турнир и полагање за ученички и мајсторски појаси, информираа од МТКФ.

Семинарот ќе биде и подготвителен за претстојниот Европски шампионат кој во декември треба да се одржи во Прага, Чешка како и Балканијадата во декември во Скопје. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close