0_Спорт.ПорталSport.SlajderФудбал

Мрачните прогнози за КОВИД-19 ја зацементирале позицијата на Јунајтед за Санчо

Според последните информации, Јунајтед пред неколку дена се договорил со англискиот репрезентативец за неговите лични услови и размислува како да ги убеди своите колеги од Германија да ја намалат цената. Во текот на изминатите неколку недели, на „Олд Трафорд“ разгледувале различни опции, но како што одминуваше времето и предвидуваше Светската здравствена организација, тие заклучија дека нема да дадат толку многу пари.

Манчестер, 13 септември 2020 (МИА) – Големата веројатност за појава на втор бран на коронавирус ја натера управата на Манчестер Јунајтед категорично да одлучи дека во никој случај нема да ги плати бараните од Борусија (Дортмунд) над 100 милиони фунти за Џејден Санчо, пишува „Сан“. Целото лето, двата клуба не се ниту близу до договор, откако и двете страни држат до својата позиција.

Според последните информации, Јунајтед пред неколку дена се договорил со англискиот репрезентативец за неговите лични услови и размислува како да ги убеди своите колеги од Германија да ја намалат цената. Во текот на изминатите неколку недели, на „Олд Трафорд“ разгледувале различни опции, но како што одминуваше времето и предвидуваше Светската здравствена организација, тие заклучија дека нема да дадат толку многу пари.

Поради приближувањето на зимската сезона, постои реална опасност од наметнување нови строги правила за изолација. Ова ќе значи крај на надежите за враќање на навивачите на стадионите, што веднаш ќе ја погоди финансиската состојба на клубовите. Значи, на тимовите ќе им треба заштеда – згора на тоа, нема гаранција кога ќе се реши проблемот.

Таг
Back to top button
Close
Close