Дописници МКДОпштински вести

Можностите за соработка со Агенцијата за иселеништво претставени во Берово

Иницијативите и можностите за соработка со Агенцијата за иселеништво претставени во Берово. На работната средба со директорот на Агенцијата за иселеништво Слободан Близнаковски, градоначалникот на Берово Звонко Пекевски истакна дека соработката со иселениците треба да биде интензивирана преку размената на информации во насока на нивна интеграција во јавниот, економскиот и културниот живот со што, според него, ќе се зајакнат можностите за инвестиции.

Берово, 1 март 2021 (МИА) – Иницијативите и можностите за соработка со Агенцијата за иселеништво претставени во Берово. На работната средба со директорот на Агенцијата за иселеништво Слободан Близнаковски, градоначалникот на Берово Звонко Пекевски истакна дека соработката со иселениците треба да биде интензивирана преку размената на информации во насока на нивна интеграција во јавниот, економскиот и културниот живот со што, според него, ќе се зајакнат можностите за инвестиции.
-Во таа насока очекувам соработка во делот на различни иницијативи од аспект на културата што општината ги реализира, како и во подобрување на општинските услуги во сферата на социјалната заштита. Можностите за развој и инвестиции, особено во делот на туризмот се, исто така, една од важните алки кои ќе ја зајакнат таа соработка, истакна Пекевски.
Директорот Близнаковски додаде дека е во тек иницијатива за системска соработка со општините, преку споделување информации и нивна презентација пред иселеничките поединци и организации во светот, со цел иселениците да ги пронајдат потребните информации и да знаат што се случува на локално ниво.
Билјана Костова, раководител на Секторот за одржување и унапредување на врските со иселеништвото, информирање и културен развој на иселениците, на средбата исто така ја потврди потребата од унапредување и продлабочување на соработката со иселениците, особено преку подобро нивно информирање со актуелните случувања во матичните општини. вс/хс/

Back to top button
Close
Close