БизнисДописници МКДОпштински вести

Можност за обуки и вработувања на студенти од УЈИЕ во ТИРЗ во Тетово

Ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа Абдулменаф Беџети и генералниот директор на „Нормак инвестмент груп“ од Тетово Александар Зарков денеска потпишаа Меморандум за соработка за воспоставување директна комуникација помеѓу двете институции.

Тетово, 16 април 2021 (МИА) – Ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа Абдулменаф Беџети и генералниот директор на „Нормак инвестмент груп“ од Тетово Александар Зарков денеска потпишаа Меморандум за соработка за воспоставување директна комуникација помеѓу двете институции.

Главната цел на меморандумот е преку размена на информации за понудата и побарувачката на работна сила да се создадат можности за вработување на сегашните студенти и дипломци на УЈИЕ од страна на „Нормак инвестмент груп“, кои раководат со Технолоко-индустриската развојна зона во Тетово.

-За Универзитетот на Југоисточна Европа приоритет е соработката со деловниот сектор, не само преку создавање нови работни места, туку и при развивање студиски програми преку кои ќе се подготви кадар со знаење и вештини во согласност со барањата на пазарот на трудот. Во последната деценија на пазарот на трудот има асиметрична ситуација – од една страна има голема невработеност, а од друга страна недостасуваат одредени профили кои се потребни на пазарот на трудот. Преку соработката со слободната индустриска зона во Тетово, се очекува да се создадат можности за директни комуникации и вистинско вработување на студентите и на дипломираните студенти од нашиов Универзитет, изјави ректорот Беџети.

„Нормак инвестмент груп“ АД Тетово управува со работата на Технолошко-индустриската развојна зона во Тетово, според договорот за јавно приватно партнерство, потпишан со Владата на Република Северна Македонија во 2013 година.

-Планирани се над 1000 работни места за следниов период во рамките на Зоната и за оваа цел сакаме да им помогнеме на студентите кои имаат потенцијал да бидат вработени во која било од сегашните и идните инвестиции во оваа област. Добрата соработка помеѓу деловниот сектор и образовните институции е ориентација која може многу да придонесе за намалување на невработеноста, создавајќи соодветна рамка во согласност со потребите на компаниите, изјави Александар Зарков.

Со овој меморандум се предвидува организација на обука на кадарот за тековните и за потенцијалните вработени, како и реализација на практична работа на студентите од УЈИЕ според потребите и интересите на компаниите во Технолошко-индустриската развојна зона во Тетово. ас/хс/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close