0_Спорт.ПорталSport.SlajderОстанато

Мото ГП нема да започне во мај

Петтата трка за ГН на Шпанија на патеката „Херез“, закажана за 1-3 мај, е одложена на неодредено време заради глобалната пандемија на коронавирус.

Херез, 26 март 2020 (МИА) – Сезоната во Мото ГП нема да започне на почетокот на мај, соопштија официјални лица.

Петтата трка за ГН на Шпанија на патеката „Херез“, закажана за 1-3 мај, е одложена на неодредено време заради глобалната пандемија на коронавирус.

– Поради постојаното менување во светот во врска со болеста, сега е невозможно да се утврди кога ќе се одржи Гран при на Шпанија“, се вели во официјалната веб-страница на Мото ГП.

Претходно, стартот на Гран-при во Тајланд, САД и Аргентина беше одложен, како и трката во Катар.

Се очекува да се одложи и Гран-при на Италија и Франција.

Таг
Back to top button
Close
Close