Svet.SlajderЕвропаЕвропа.Портал

Москва е загрижена за активностите на НАТО во близина на нејзините граници

Началникот на Генералштабот на руската армија, генералот Валериј Герасимов, денеска се сретна со францускиот колега, генералот Франсоа Лекоант, кому му ја пренесе загриженоста на Москва за активностите на НАТО во непосредна близина на руските граници.

Москва, 27 февруари 2020 (МИА) – Началникот на Генералштабот на руската армија, генералот Валериј Герасимов, денеска се сретна со францускиот колега, генералот Франсоа Лекоант, кому му ја пренесе загриженоста на Москва за активностите на НАТО во непосредна близина на руските граници.

Американските медиуми пренесуваат дека генералот Герасимов предупредил дека во Москва се зголемува загриженоста заради движењето на трупите на западната воена алијанса и заради меневрите што симулираат анти-руско сценарио и увежбување офанзивни операции.

Герасимов, истовремено, пофално се  изразил за соработката со француската армија. сд/

Back to top button
Close
Close