Svet.SlajderЕвропаЕвропа.Портал

Моравјецки: Качински ќе се врати во Владата како вицепремиер

Полскиот премиер Матеуш Моравјецки денеска изјави дека лидерот на владејачката партија Право и правда, Јарослав Качински ќе се врати во Владата како вицепремиер.

Варшава, 30 септември 2020 (МИА)Полскиот премиер Матеуш Моравјецки денеска изјави дека лидерот на владејачката партија Право и правда, Јарослав Качински ќе се врати во Владата како вицепремиер.

– Тој сигурно ќе ја зајакне нашата Влада, рече Моравјецки.

Качински беше премиер на Полска од 2006 до 2007 година.

Неговиот брат близнак, Лех Качински беше претседател на републиката од 2005 година до неговата смрт во 2010 година, кога загина во авионска несреќа. Неговиот брат Јарослав тогаш во последен момент реши да остане во Варшава со својата болна мајка. паг/

 

Таг
Back to top button
Close
Close