0_Спорт.ПорталSport.SlajderФудбал

Мората: Сакаме да ја освоиме Лигата на шампионите

Мората го замени Кристијано Роналдо на најдобар можен начин и му донесе победа на Јувентус на стартот од Лигата на шампионите.

Киев, 20 октомври 2020 (МИА) – Напаѓачот на Јувентус, Алваро Мората беше задоволен по победата на неговиот тим во Киев против Динамо (2:0).

Мората го замени Кристијано Роналдо на најдобар можен начин и му донесе победа на Јувентус на стартот од Лигата на шампионите.

Постигна два гола, во 46. и 84. минута.

– Секоја година имаме реални шанси да ја освоиме Лигата на шампионите и оваа сезона сакаме да го направиме тоа. Сакавме добро да ја започнеме новата сезона и тоа го сторивме. Задоволни сме, изјави Мората по натпреварот во Украина.

Покрај Динамо, Јувентус е во групата со Барселона и Ференцварош.

Таг
Back to top button
Close
Close