0_Спорт.ПорталФудбал

Мората: Ми се закануваат со смрт мене и на моето семејство, они што ме критикуваат да се стават на моето место

Фудбалерот на Јувентус, Алваро Мората проговори за критиките што ги доби од навивачите на шпанската репрезентација.

Мадрид, 25 јуни 2021 (МИА) – Фудбалерот на Јувентус, Алваро Мората проговори за критиките што ги доби од навивачите на шпанската репрезентација.

– Би сакал луѓето да се стават на моето место. Давам сè од себе. Сè што ќе кажам се толкува на различни начини. Имам две опции: или да молчам или да објаснам што ми се случува. Можеби не си ја завршив работата како што треба. Разбирам дека ме критикуваат затоа што не постигнав гол. Но, сакам луѓето да се стават на мое место кога ми се закануваат, кога посакуваат смрт на моето семејство. Ако се случи трагедија, тие ќе речат: „Тој беше добро момче“. Секогаш кога сум со моите најблиски, телефонот ми е исклучен. Загрижен сум што ќе и кажат на сопругата, моите деца. Сите овие денови не сум спиел, истакна Мората.

Тој појаснува дека е загрижен кога игра лошо, но тоа може да му се случи секому.

– Ми свиркаа за време на загревањето против Словачка. Јас со најдобра намера го изведов пеналот, но не постигнав гол. Ако треба да размислувам за другите работи, наместо да ја работам мојата работа, тоа само ќе боли. Тоа е она што сакав да го кажам, додаде Мората. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close