0_Магазин.ПорталЗанимливости

„Монти Пајтон“ казни во Индија: Дури 500 извинувања за прекршување на забраната за движење

Група од 10 странски туристи во Индија не ја почитувале забраната за движење во градот Ришикеш, па добија необична казна - да напишат 500 пати „извинете" во тетратка.

Ришикеш, 13 април 2020 (МИА) – Група од 10 странски туристи во Индија не ја почитувале забраната за движење во градот Ришикеш, па добија необична казна – да напишат 500 пати „извинете” во тетратка.

Туристите тоа го сториле под будното око на чуварите на редот, а сѐ тоа е објавено на Твитер-профилот на списанието „Ришикеш рајтинг“.

Во таа област има над 700 странски туристи од САД, Австралија, Мексико и Израел, кои престојуваат во овој дел од Индија, и повремено ги прекршуваат мерките за забрана за движење поради коронавирусот, се наведува во извештаите на тамошната полиција.

Индиска полиција им наложи на хотелите – странските гости да излегуваат надвор само со придружба на тн. помагачи, а на угостителите кои нема да ја почитуваат наредбата, им следат парични казни.  си/сд/

Таг
Back to top button
Close
Close