ЕвропаЕвропа.Портал

Монтгомери ја предупреди Германија за опасноста од предвремено олеснување на мерките

Претседателот на Светската асоцијација на лекари Франк Улрих Монтгомери ги предупреди политичарите во Германија за опасноста од предвремено олеснување на рестриктивните мерки за борба против новиот коронавирус.

Берлин, 6 април 2020 (МИА) – Претседателот на Светската асоцијација на лекари Франк Улрих Монтгомери ги предупреди политичарите во Германија за опасноста од предвремено олеснување на рестриктивните мерки за борба против новиот коронавирус.

„Политиката сега треба да излезе со егзит стратегија, но почетокот на олабавување не е датум за календар“, рече тој во изјавата за „Билд“.

Монтгомери посочува дека решението за попуштање на мерките мора да се спроведе врз основа на должината на времето во кое се дуплира бројот на заразени лица.

Егзит-стратегијата се разговара со денови во Германија, при што германската канцеларка Ангела Меркел рече дека е рано да се повлечат ограничувањата. паг/

Таг
Back to top button
Close
Close