0_Спорт.ПорталSport.SlajderФудбал

Монтереј противник на Ливерпул во полуфиналето на Светското клупско првенство

Мексиканскиот клуб Монтереј ќе игра во полуфиналето на Светскиот куп во Катар, откако вечерва во четвртфиналето го совлада домашниот Ал-Сад со 3:2.

Доха, 14 декември 2019 (МИА) – Мексиканскиот клуб Монтереј ќе игра во полуфиналето на Светскиот куп во Катар, откако вечерва во четвртфиналето го совлада домашниот Ал-Сад со 3:2.

Во полуфиналето, Монтереј ќе игра против Ливерпул.

Европскиот шампион Ливерпул, заедно со првакот на Јужна Америка, Фламенго директно се пласираа во полуфиналната фаза.

Ривал на бразилскиот тим Фламенго во дуелот за влез во финалето ќе биде Ал-Хилал од Саудиска Арабија. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close