Svet.SlajderСветСвет.Портал

Монитор: Исламска држава ги нападна сириските сили во Хомс

Во централна Сирија повторно почнаа борби откако милитантите на Исламската држава ги нападнаа владините сили во провинцијата Хомс, соопшти денеска сирискиот Центар за мониторинг на човековите права, јави ДПА.

Дамаск, 9 април 2020 (МИА) – Во централна Сирија повторно почнаа борби откако милитантите на Исламската држава ги нападнаа владините сили во провинцијата Хомс, соопшти денеска сирискиот Центар за мониторинг на човековите права, јави ДПА.

Центарот, чие седиште е во Велика Британија, соопшти дека борбите меѓу двете завојувани страни се уште траат во околината на селото ал-Сухнах, источно од Хомс.

Нападот ги натера руските воени авиони да извршат напади врз позициите на Исламска држава во областа, соопшти Центарот, додавајќи дека во судирите досега загинале 18 припадници на владините сили и нивните сојузници, како и 11 припадници на Исламска држава.

Основачот на Центарот, Рами Абдел Рахман, за ДПА изјави дека милитантите на Исламска држава успеале да освојат  контрола врз делови од ал-Сухнах.

Исламска држава се уште е присутна во некои пустински делови на Хомс, иако сириските курдски  Демократски сили (СДФ), кои се поддржани од САД, минатата година објавија победа врз екстремистичката група, откако го зазедоа последното нивно упориште во источна Сирија, пренесе ДПА. сд/

 

Back to top button
Close
Close