БалканБалкан.ПорталДописници Свет

Моника Круемади го обвини Рама дека тој е виновен за жртвите, а не земјотресот

Претседателката на третата по големина политичка партија во Албанија, опозициското Социјалистичкото движење за интеграција, Моника Круемади, гостувајќи во емисијата „Оваа недела“ на телевизијата “Њуз 24” упати тешки обвинувања кон премиерот на земјата Еди Рама.

 

Тирана, 8 декември 2019 (МИА) – Претседателката на третата по големина политичка партија во Албанија, опозициското Социјалистичкото движење за интеграција, Моника Круемади, гостувајќи во емисијата „Оваа недела“ на телевизијата “Њуз 24” упати тешки обвинувања кон премиерот на земјата Еди Рама.

Рече дека виновник за загубените животи, во Драч, Туман и Тирана, не бил земјотресот, туку самиот премиер, Еди Рама.

Оцени дека ситуацијата е стигнала до ниво до кое е, заради ненавременото делување на владата и на другите државнитенституции.

-Овој човек ја загубил довербата, сите фондаци и невладини кои собрале пари велат дека сами ќе управуваат со парите. Тогаш зашто треба да веруваат луѓето и зашто ние треба да одиме на средба со човек, кој на некој начин е виновен за жртвите, не е земјотресот виновен, тој е причината за жртвите со своето неделување- истакна Круемади,која е сопруга на претседателот Илир Мета.

Таа со обвинувања и до министрите за давање лажни информации,посебно за образование дека нема многу штети во училштата и додава дека доколку се оди на терен ќе се добие сосема понаква слика. вт/

Back to top button
Close
Close