Svet.SlajderСветСвет.Портал

Монголската владеачка партија извојува убедлива победа на парламентарните избори

Владеачката Народна партија на Монголија (МПП) извојува убедлива победа на вчерашните парламентарни избори, јави ДПА, повикувајќи се на генералната изборна комисија во Монголија.

Улан Батор, 24 јуни 2020 (МИА) – Владеачката Народна партија на Монголија (МПП) извојува убедлива победа на вчерашните парламентарни избори, јави ДПА, повикувајќи се на генералната изборна комисија во Монголија.

Излезноста на изборите изнесуваше  52,6 отсто од вкупниот број избирачи или 1,05 милиона лица излегоа на гласање, соопшти комисијата.

Германската агенција додава дека на овие избори беа донесени посебни протоколи за да се отстрани загриженоста околу ширењето на Ковид-19, што дури појави и барања за одложување на изборите.

Гласачките места беа дезинфицирани и луѓето што чекаа надвор требаше да одржуваат растојание од 1,5 метар. Внатре, изборните комисии ја проверуваа телесната температура на гласачите и делеше средства за дезинфекција на рацете.

И покрај економските проблеми и загриженоста за корупцијата, владеачката Нардона партија доби признание за ефикасното справување со пандемијата на коронавирус.

Монголија досега има пријавено само 215 случаи на Ковид-19,  сите увезени, и нема смртни случаи од болеста, пренесе ДПА. сд/

Back to top button
Close
Close