0_Спорт.ПорталТенис

Монфис ја одбрани титулата во Ротердам

Гаел Монфис ја одбрани титулата на АТП турнирот во Ротердам. До јубилејниот десетти пехар во кариерата, Французинот стигна по триумфот во финалето над Канаѓанецот Феликс Оже Алијасим со 6:2, 6:4

Ротердам, 16 февруари 2020 (МИА) – Гаел Монфис ја одбрани титулата на АТП турнирот во Ротердам. До јубилејниот десетти пехар во кариерата, Французинот стигна по триумфот во финалето над Канаѓанецот Феликс Оже Алијасим со 6:2, 6:4.

Монфис беше тенисерот со подобар сервис во мечот за титулата, ја контролираше ситуацијата и во размената на удари и заслужено замина со титулата од Холандија.

За Монфис ова е втора турнирска победа во 2020 година, откако минатата недела триумфира и во Монпелје. сѓд/ми/

Таг
Back to top button
Close
Close