СветСвет.ПорталСвет.Слајдер

Мохамед Алави го врати мандатот за формирање нова ирачка Влада

Мандатарот за состав на новата ирачка Влада Мохамед Алави денеска соопшти дека се откажува од идејата да биде премиер бидејќи не успеал да ја обезбеди поддршката во парламентот за својот предвиден кабинет.

Багдад, 2 март 2020 (МИА) – Мандатарот за состав на новата ирачка Влада Мохамед Алави денеска соопшти дека се откажува од идејата да биде премиер бидејќи не успеал да ја обезбеди поддршката во парламентот за својот предвиден кабинет.

Со тоа продолжува политичката парализа во земјата која се соочува со повеслојни економски, безбедносни и здравствени предизвици, оценуваат американските медиуми.

Алави ги обвини политичките партии, кажувајќи дека „ не се сериозни за прашањето на примената на реформите што им ги ветија на луѓето“ и дека поставуваат пречки за формирање на нова и независна влада.

-Да се согласев на отстапки, сега ќе бев премиер, но јас се обидов да ја сочувам земјата да не се лизне во неизвесност и да ја решам актуелната криза. Но, преговорите повеќе пати беа прекинувани, изјави Алави во кусото обраќање до нацијата во кое ја обраложи својата одлука.

Набрзо по неговиот говор, две минофрлачки гранати ја погодија Зелената зона во Багдад, каде се наоѓа американската Амбасада и зградите на ирачката Влада, но од нив никој не е повреден. сд/

Back to top button
Close
Close