СветСвет.Портал

Моди-Трамп: Индија и САД ќе развијат глобално партнерство

Индија и САД решија да ги зајакнат билатералните односи со глобално партнерство, изјави индискиот премиер Нарендра Моди на заедничката конференција со американскиот претседател Доналд Трамп во Њу Делхи.

Њу Делхи, 25 февруари 2020 (МИА) – Индија и САД решија да ги зајакнат билатералните односи со глобално партнерство, изјави индискиот премиер Нарендра Моди на заедничката конференција со американскиот претседател Доналд Трамп во Њу Делхи.

За време на посетата на Трамп, двајцата лидери разговараа за перспективите за соработка во областа на одбраната, безбедноста, трговијата и инвестициите.

Моди рече дека Индија и САД се договориле да започнат преговори за голем трговски договор.

Тој истакна дека соработката во областа на одбраната е важен дел од партнерството меѓу двете земји.

Голем дел од обуките на индиската армија се спроведуваат со војската на САД. Покрај тоа, соработката се проширува и за зајакнување на безбедноста и борбата против тероризмот.

Трамп рече дека со Моди постигнале значителен напредок во сеопфатниот трговски договор, што е од особено значење за двете земји.

Индија и САД потпишаа договор во областа на одбраната со вкупна вредност од три милијарди долари.

– Индија ќе купи хеликоптери АХ-64Е Апаче и морнарички хеликоптери од типот МХ-60Р, рече Трамп. паг/

Таг
Back to top button
Close
Close