Svet.SlajderСветСвет.Портал

Моди ја посети областа на индиско-кинеските судири

Индискиот премиер Нарендра Моди денеска го обиколи хималајскиот регион Ладах, неколку недели откако индиските и кинеските трупи долж тамошната спорна граница таму, што доведе до криза во врските меѓу соседите, јави ДПА.

Њу Делхи, 3 јули 2020 (МИА) – Индискиот премиер Нарендра Моди денеска го обиколи хималајскиот регион Ладах, неколку недели откако индиските и кинеските трупи долж тамошната спорна граница таму, што доведе до криза во врските меѓу соседите, јави ДПА.

Моди, кој допатува во ненајавена посета на пограничниот регион, имаше средба и со војниците во базата Ниму. На снимките на телевизиските канали се гледа како е пречекан од војниците кои извикуваа „Победа за мајка Индија“ на хинди.

– Границите на земјата отсекогаш биле безбедни поради индиската армија. Посетата на премиерот Нарендра Моди на Ладах, дефинитивно го засили моралот на Армијата , оцени преку Твитер министерот за одбрана Рајнат Синг.

Посетатата на Моди се случува во период на тензични индиско-кинески односи, откако на 15 јуни во судирите на Хималаите, на границата меѓу Индија и Кина беа убиени 20 индиски војници. ссм/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close