КултураКултура.Портал

„Мочурловци“ – нова книга од едицијата „Магични приказни“

Излезе од печат книгата за деца „Мочурловци“ од словенечката писателка  Барбара Симонити, во едиција на „Магични приказни“. Книгата е во издание на Издавачки центар ТРИ, а преводот на македонски го направи Дарко Спасов.

Скопје, 13 април 2020 (МИА) – Излезе од печат книгата за деца „Мочурловци“ од словенечката писателка  Барбара Симонити, во едиција на „Магични приказни“. Книгата е во издание на Издавачки центар ТРИ, а преводот на македонски го направи Дарко Спасов.

Оваа книга е поддржана од програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија, а како што соопшти денеска издавачкиот центар ТРИ, авторката Симонити со оваа илустрирана книга носи свежина во словенечката литература, внесувајќи една нова, иновативна тема.

– Авторката ни ја раскажува прекрасната приказна за зелената Мочурлива Пониква. Оваа Пониква има свои жители: дождовници, жаби, тритони, гуштери, стоногалки – еден цел уникатен, весел и радосен свет. Тие живеат во мала хармонична заедница во која имаат свој ред и поредок, идиличен живот и соживот, вообичаено секојдневје. Но еден ден нивното спокојство е нарушено од многу чуден настан – исчезнува Мочуриштето со добрејка, се наведува во нивното соопштение.

Барбара Симонити е реномирана словенечка поетеса, писателка и преведувачка, авторка на многу книги за деца и сликовници. Својата прва бајка ја напишала на седум години. Од 1995 година е слободна писателка. Членка е на Друштвото на словенечките писатели, на Друштвото на словенечките книжевни преведувачи и на Словенечкиот ПЕН-центар. Во своите дела Барбара Симонити секогаш го промовира раскажувањето приказни како извор на човештвото. бт/лв/

Таг
Back to top button
Close
Close