КултураКултура.ПорталКултура.Слајдер

„Моцарт и кларинетот“ и „Хагер- Калминов“ ќе настапат на вечерашното 42. издание на „Скопско лето“

На вечерашната програма на 42. издание на манифестацијата „Скопско лето“ ќе се одржат два концерта во Музејот на македонската борба. Концертот е во соработка со уметничкиот центар „Полифонија“.

Скопје, 24 јуни 2021 (МИА) – На вечерашната програма на 42. издание на манифестацијата „Скопско лето“ ќе се одржат два концерта во Музејот на македонската борба. Концертот е во соработка со уметничкиот центар „Полифонија“.

Првиот концерт, со почеток во 20 часот, насловен „Моцарт и кларинетот“ ќе биде изведен од страна на Бранко Павловски – кларинет, co ансамблoт на „Полифонија” кој се состои од Јулија Хагер – пијано, Сања Шуплевска – виолина, Станислава Алаѓозовски – виолина, Сашка Стојановиќ – Крстиќ – виола и Кирил Калмиков – виолончело. Вториот концерт, кој ќе биде со почеток во 21 часот, се дуото „Хагер- Калминов“, кое се состои од Јулија Хагер – пијано и Кирил Калмиков – виолончело.

Бранко Павловски е македонски кларинетист со богата интернационална кариера и реноме. Во моментот тој е редовен професор на Факултетот за музичка уметност на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, Македонија. Павловски докторирал на Факултетот за музичка уметност на Државниот универзитет на Луизијана во Батон Руж, САД, во класата на Роберт Дилутис, каде работел како асистент по кларинет сѐ до 2011 година

Уметничкиот центар „Полифонија“ од Скопје е организација која функционира и работи во сферите на културно-уметничките настани од 2003 година до денес, преземајќи значајна улога во реализацијата на бројни видови локални и меѓународни  проекти, често поддржани од Министерството за култура на РС Македонија. Меѓу главните активности се менаџирање на солисти и ансамбли кои учествуваат на меѓународни и домашни како и проекти во соработка со државни институции во Р.С. Македонија, Европа и Канада.

Дуото Хагер-Калмиков  е формирано во Канада во 2005 година од пијанистката Jулија Хагер и виолончелистот Кирил Калмиков. Г-ѓа Хагер и г. Калмиков уживаат концертни кариери, посветени на креативност, конципирање на интересни концертни програми, честопати инспирирани од нивната страст кон патување и доживување на светот преку музика. Од своето основање досега дуото настапува со многу светски познати музичари, вклучувајќи ги Колин Кар, Хенк Гитарт, Менахем Преслер и Jан-Пол Севилја, а  учествува во резиденции и проекти за камерна музика на Центарот за уметност и креативност „Банф“, Канада. Како  добитник на повеќе грантови , за дуото Хагер-Калмиков се напишани и композиции како Сонатата од еминентниот  канадски композитор Питер Јанчевич во 2015 година која дуото ја презнетираше на бројни настапи низ Канада и САД.

Концертите ќе се одржат согласно протоколите за одржување на настани и во продажба ќе бидат пуштени ограничен број на влезници по цена од 200 денари. свс/сп/

Таг
Back to top button
Close
Close