0_Web_Актуелно0_Македонија.ПорталBiznis.SlajderMakedonija.SlajderБизнисБизнис.ПорталЕкономија

„Мој труд, мои права!“, кампања за подигнување на свеста за работничките права

Познавањето на работничките права е прв чекор кон нивно успешно практикување, поради што е потребно зголемување на јавната свест на работниците, младите и работодавачите за нивните права и обврски кои произлегуваат од работниот однос. За таа цел почнува кампања „Мој труд, мои права!“ чиј почеток беше најавен денеска. Во рамки на кампањата ќе се преземат активности со кои ќе се информираат младите кои што сѐ уште се во процес на средно или високо образование и во иднина би биле дел од работната сила, сите вработени лица од сите професии, лицата што бараат вработување, како и работодавачите за нивните права и обврски кои произлегуваат од трудовото законодавство.

Back to top button
Close
Close