Парламентарни избори 2020Политички партии

Мојсоски: На 15 јули граѓаните ќе ја донесат победата за подобра држава, ред и правда

На 15 јули граѓаните ќе донесат одлука за подобра држава, одлука за нови патишта,  повеќе ред и правда,  подобро здравство, побрза интергација во ЕУ, мирен соживот, еко држава, истакна Боби Мојскоски од Либерално демократската партија, на граѓанската трибина на коалицијата „Можеме“ во Кичево.

Скопје, 27 јуни 2020
На 15 јули граѓаните ќе донесат одлука за подобра држава, одлука за нови патишта,  повеќе ред и правда,  подобро здравство, побрза интергација во ЕУ, мирен соживот, еко држава, истакна Боби Мојскоски од Либерално демократската партија, на граѓанската трибина на коалицијата „Можеме“ во Кичево.
Големите чекори како коалиција со СДСМ ги изодевме заедно, решивме огромни проблеми, докажавме дека можеме подобро, дека можеме да ги менуваме работите, можеме и повеќе од ова досега, порача Мојкоски.
Тој додаде дека изминативе три години се решени многу проблеми, станавне членка на НАТО, но не ги запоставивме и домашните проблеми.
Автопатот Охрид –Кичево е започнат со лоша, нецелосна проектана   документација, без проектирани  клучки, без геомеханики истражи работи и без решена експропријација. Затоа се работи за репроектирање на 20 %  од тарасата и се обезбедени за автопатот да се рализира со многу пониски цени од оние кои ги затегнавме од претходната власт  на ВМРО-ДПМНЕ, истакна Мојсовски.
Тој нагласи дека до крајот на мандатот на новата влада на колацијата Можеме, до Кичево ќе водат нови патишта од сите страни, додавајќи дека во тек е тендерска постапка за реконструкција на болницата во Кичево, како и за затворен базен.
На 15 јули граѓаните ќе го заокружат бројот 3, бидејќи носи поголеми, плати, демократија, едно општество за сите, побрза интеграција во ЕУ, мирен соживот.
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

___________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Таг
Back to top button
Close
Close