0_Македонија.ПорталОпштествоХроникаХроника.Портал

Мојсоски: Можно е партиските обележја да се внесени преку пакети за храна

Два телефони се одземени. Можно е партиските обележја да се внесени преку пакети со храна или пак ги има од претходно, истакна директорот на затворот „Идризово“ Боби Мојсоски во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“, говорејќи за видеото и фотографиите кои се проширија деновиве каде што затвореници повикуваат да се гласа за политичка партија.

Скопје, 22 јуни 2020 (МИА) – Два телефони се одземени. Можно е партиските обележја да се внесени преку пакети со храна или пак ги има од претходно, истакна директорот на затворот „Идризово“ Боби Мојсоски во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“, говорејќи за видеото и фотографиите кои се проширија деновиве каде што затвореници повикуваат да се гласа за политичка партија.

-Го осудувам чинот на партиски активности, доколку ги имало во затворот. За оние кои би требало да се грижат тоа да не се случува, доколку се докаже ќе бидат санкционирани, рече Мојсоски.
Тој објасни како е можно да се внесени партиските обележја.
Мојсоски вели дека затворениците предизвикале мал пожар за да им го пренасочат вниманието на чуварите и да можат да снимат и да објават видео од таканаречен импровизиран партиски штаб.
– Ве уверувам дека не се работи за ран почеток на политичка кампања. Самите затвореници имаат право на глас. Се работи за петтото крило, во кое има најголем број на затвореници, истакна директорот на затворот. ац/са/
фото МИА архива

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close