БалканБалкан.ПорталДописници Свет

Мојсиу го посоветува Мета да не зазема страна

Поранешниот албански претседател Алфред Мојсиу во неговите совети за решавање на политичката криза, му препорачува на актуелниот претседател,Илир Мета, да не зазема страна, туку „да дебатира околу почитувањето и барањата за почитување на Уставот“.

Тирана, 16 февруари 2020 (МИА) – Поранешниот албански претседател Алфред Мојсиу во неговите совети за решавање на политичката криза, му препорачува на актуелниот претседател,Илир Мета, да не зазема страна, туку „да дебатира околу почитувањето и барањата за почитување на Уставот“.

По завршувањето на мандатот, Мојсиу ретко дава изјави за политички настани во земјата.

Во актуелниот миг кога тензиите меѓу шефот на државата Илир Мета и владејачкото мнозинство нагло се зголемија, тој одлучи да ја даде својата порака и пример за решавање на кризата.

-Претседателот на државата го претставува единството на нацијата а тоа единство не можете да го претставувате, ако заземете страна или учествувате во разни политички дебати. Претседателот одржува уставни дебати, за заштита на уставот и интересите на земјата. Се обидов да дадам пример, што го следам според искуството, изјави Моисиу.

Мојсиу, кој е доктор по воени науки, е првиот консензуален претседател на Албанија, по долги преговори меѓу поранешните лидери на социјалистите, Фатос Нано и на демократите, Сали Бериша.

Беше претседател во периодот 2002 до 2007 година. Голем пријател е на Република Северна Македонија, посебно добри односи имаше со починатиот претседател Борис Трајковски. вт/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close