Дописници МКДОпштински вести

„Мој општинар“ дели флаери со препораки за заштита од Ковид-19 во Кавадарци

Вработени во службата „Мој општинар“ при кавадаречката локална самоуправа денеска поделија флаери со препораки за заштита од Ковид-19 во Кавадарци.

Кавадарци, 19 февруари 2021 (МИА) – Вработени во службата „Мој општинар“ при кавадаречката локална самоуправа денеска поделија флаери со препораки за заштита од Ковид-19 во Кавадарци.

Флаерите, како што информираа од Кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев,  беа поделени на оние места каде што има зголемено групирање на луѓе.

Акцијата произлезе од заклучоците на Општинскиот Кризен штаб кој заседаваше во текот на вчерашниот ден, а во врска со зголемениот број на заболени со коронавирус во општината Кавадарци. Беа донесени неколку заклучоци за намалување на ширење на вирусот Ковид-19.

Јанчев вчера информираше дека пик на коронавирусот има во општината Кавадарци, состојбата е крајно алармантна, во моментов има 516 активни случаи. Тој нагласи дека бројот на заразени е во постојан пораст. свд/мд/

Back to top button
Close
Close