СветСвет.Портал

МО на Авганистан: Ако талибанците не запрат, ќе ги нападнеме

Министерот за одбрана на Авганистан, Асадулах Калид изјави дека доколку членовите на талибанското движење не ги прекинат нападите до крајот на неделава, тие ќе преминат од одбранбен режим во напади врз вооружената група.

Кабул, 9 март 2020 (МИА) – Министерот за одбрана на Авганистан, Асадулах Калид изјави дека доколку членовите на талибанското движење не ги прекинат нападите до крајот на неделава, тие ќе преминат од одбранбен режим во напади врз вооружената група.

-Авганистанските сили ќе останат во одбранбениот режим до крајот на оваа недела, по упатствата на претседателот Ашраф Гани, поради мировниот договор, рече Калид.

– Ако Талибанците не ги прекинат своите напади до крајот на неделава, нашите трупи ќе го напаѓаат непријателот насекаде, додаде тој.

Талибанците овој месец објавија дека продолжуваат со операциите против авганистанските сили и дека нема да ги напаѓаат меѓународните сили во азиската земја.

Вооружената група соопшти дека официјално е постигнат договор за намалување на насилството, проследено со потпишување на мировниот договор со САД во Доха.

Авганистан со денови е потресен од напади. Три вооружени лица беа убиени во Кабул вчераи досега никој не презеде одговорен за нападот. зш/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close