0_Web_Актуелно0_Македонија.ПорталПолитика

МНР организираше нови чартер летови за враќање на македонски граѓани од Словенија и Германија

Министерството за надворешни работи информираше дека во соработка со Генералниот секретаријат на Владата и Министерството за здравство на Република Северна Македонија, за денес и утре организираше чартер летови за враќање на македонски државјани во земјата.

Скопје, 28 март 2020 (МИА) – Министерството за надворешни работи информираше дека во соработка со Генералниот секретаријат на Владата и Министерството за здравство на Република Северна Македонија, за денес и утре организираше чартер летови за враќање на македонски државјани во земјата.

– Од Словенија направена е репатријација на 126 лица, кои пристигнаа на скопскиот аеродром и се упатуваат во задолжителен државен карантин. Во попладневните часови ќе бидат вратени наши граѓани од Минхен, а за утре се предвидени два лета од Берлин и Келн/Бон, соопштија од МНР.

Од Министерството наведоа дека чартер летовите ги реализира авиопревозникот Wizzair, којшто за овие четири дестинации на јавниот повик од Владата на Република Северна Македонија, понуди најниска цена. Цената за авио билетот, како што посочија од МНР, се определува од вкупната цена на летот поделена со број на патници.

Министерството за надворешни работи упати благодарност кон надлежните власти во Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Косово/НАТО, Србија, Германија, и Австрија за соработката при издавање на дозволи за прелет и целокупната поддршка во овие отежнати околности.

Од МНР наведоа дека продолжуваат со напорите за враќање во земјава на затекнатите македонски граѓани во странство. см/ац/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close