0_Web_Избор на уредникот0_Web_Насловна-слајдерMakedonija.Slajder

МНР: Нема информации за настрадани македонски државјани во земјотресот во Хрватска

Досега нема информации за загинати или повредени македонски државјани во денешниот катастрофален земјотрес во Хрватска, велат за МИА од Министерството за надворешни работи на С Македонија. 

Скопје, 29 ноември 2020 (МИА) – Досега нема информации за загинати или повредени македонски државјани во денешниот катастрофален земјотрес во Хрватска, велат за МИА од Министерството за надворешни работи на С Македонија.

Сите македонски државјани во Хрватска за евентуална помош можат да се обратат на отворениот телефонски број: +385916048000.

Во разорниот земјотрес со јачина од 6,3 степени според Рихтер, кој денеска ја погоди Хрватска, според досегашните информации, загинаа најмалку шест лица, а повече се 20 се повредени. Предизвикана е голема материјална штета во Петриња, Загреб и Сисак.

Епицентарот на земјотресот бил на 47 километри југоисточно од Загреб, на три километри од Петриња, а бил почувствуван во целиот регион.фф/са/

Back to top button
Close
Close