Избрано

Многу работи за коронавирусот се откриени, но некои се уште не ги знаеме

Ковид-19 е дел од нашите животи денес, шест месеци откако Светската здравствена организација прогласи пандемија. Тоа е непријател за кој научивме многу, иако никој не го знае одговорот на прашањето што нè чека оваа есен и зима.

Хина, Загреб
Ковид-19 е дел од нашите животи денес, шест месеци откако Светската здравствена организација прогласи пандемија. Тоа е непријател за кој научивме многу, иако никој не го знае одговорот на прашањето што не чека оваа есен и зима.
Што уште не знаеме
Дали епидемијата повторно ќе се разгори?

Поради големото мешање на луѓето во текот на летото, по укинувањето на пролетниот карантин, бројот на заразени во Европа нагло расте.

Ова е случај во Франција, Шпанија и Велика Британија, како и во многу други земји, иако не сстанува збор за состојба како во екот на епидемијата во март и април.

– Илјадници новозаразени лица на ден, тоа е многу. Многу е загрижувачки, изјави францускиот министер за здравство Оливие Веран за радиото Франс Интер.

– Ако продолжи вака, Велика Британија ќе доживее „бурен период во следните месеци, изјави за Би-Би-Си Џонатан Ван-Там, еден од претставниците на британските здравствени власти.
– Зголемувањето на бројот на заразени автоматски ќе доведе до потешки случаи за неколку недели, предупреди Веран. Но, прашањето е до кој степен?

Горејќи на првиот бран, многу лекари стравуваат дека болниците и единиците за интензивна нега ќе бидат пренатрупани оваа есен, како во март. Вирусот сега циркулира претежно меѓу младите луѓе, кои не се ризична група, но постарите лица и оние со послабо здравје неизбежно ќе бидат засегнати, предупредуваат тие.

Други, помалку песимистични, сметаат дека ризикот од преоптоварување на болниците е помал отколку во пролетта, бидејќи луѓето кои припаѓаат на ризични групи ги почитуваат епидемиолошките мерки.

Најоптимистичните сметаат на имунитетот стекнат во првиот бран, надевајќи се дека ќе спречи втор бран и ќе овозможи да се избегне повторување на мартовската катастрофа. Но, тоа е само претпоставка.
Сепак, сите инсистираат на важноста од придржување кон епидемиолошките мерки како што се носење маски, често миење раце и почитување на дистанцата.
Реинфекции и имунитет

Таг
Back to top button
Close
Close